Проточни хидроцентрали и на притоките на Злетовска Река

Bez autora
Jul 04 2011

Почна постапката за градба на мали проточни хидроцентрали на притоките на Злетовска Река. Двете компании “Италиен-Мекаедониен повер генерешјен“ и „Хидро-еко инженеринг“ со седишта во Скопје, кои минатата година беа избрани на меѓународен тендер, деновиве почнаа со прибирање документи и подготвителни работи на теренот. Компаниите-концесионери ги чекаат и дозволите за градба на објектите и за поставување на турбините во водите на двете планински реки, Зеленоградска и реката Ештерец, леви притоки на Злетовската Река. Пред да почнат со градба на хидроцентралите, и двете компании имаат обврска да ја приберат потребната планска документација. Мешовитата „ИМПГ „на меѓународниот тендер што минатата година го распиша Владата достави најповолна понуда за вградување турбини на две мали проточни хидроцентрали на река Ештерец. Турбините на „ИМПГ“ ќе бидат со инсталиран проток од 0,27 кубни метри вода во секунда, со моќност од 300 киловат-часа електрична енергија. Инвестицијата што ќе ја вложи оваа компанија е околу 800.000 евра.

Проточни хидроцентрали и на притоките на Злетовска РекаПочна постапката за градба на мали проточни хидроцентрали на притоките на Злетовска Река. Двете компании “Италиен-Мекаедониен повер генерешјен“ и „Хидро-еко инженеринг“ со седишта во Скопје, кои минатата година беа избрани на меѓународен тендер, деновиве почнаа со прибирање документи и подготвителни работи на теренот.

Компаниите-концесионери ги чекаат и дозволите за градба на објектите и за поставување на турбините во водите на двете планински реки, Зеленоградска и реката Ештерец, леви притоки на Злетовската Река.

Пред да почнат со градба на хидроцентралите, и двете компании имаат обврска да ја приберат потребната планска документација.

Мешовитата „ИМПГ „на меѓународниот тендер што минатата година го распиша Владата достави најповолна понуда за вградување турбини на две мали проточни хидроцентрали на река Ештерец. Турбините на „ИМПГ“ ќе бидат со инсталиран проток од 0,27 кубни метри вода во секунда, со моќност од 300 киловат-часа електрична енергија. Инвестицијата што ќе ја вложи оваа компанија е околу 800.000 евра.

И фирмата „Хидро-еко инженеринг“, која исто така е во очекување на потребното одобрение, на теренот веќе почна со градба на првите најнеопходни објекти. Оваа компанија доби дозвола да гради една мала проточна хидроцентрала на Зеленоградска Река. Турбината ќе биде со инсталиран проток од 0,1 кубен метар во секунда, со моќност од 130 киловат-часа.

Концесиите што овие две комапнии ги добија се со рок на траење од 23 години.

Избраните компании, според правилата од меѓународниот тендер, имаат обврска во рок од три години да ја завршат постапката за прибирање на планските документи и одобренија за градба, по што ќе им остане периодот за 20-годишно доискористување на водниот потенцијал од овие две планински реки во Осоговието.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik